Повеќе од 10 камиони опремени со уредите прскаат фини капки вода за да ја намалат прашината и честичките во воздухот, изјави Саџид Башир, портпарол на Агенцијата за заштита на животната средина на покраината Пенџаб.
Тој рече дека 15 топови првично се распоредени во различни делови од градот.
Но, Башир ги обвини емисиите од возилата, индустрискиот чад, прашината од градилиштата и согорувањето на остатоци од култури на полињата за влошувањето на квалитетот на воздухот.
„Се надеваме дека употребата на топовите против смог ќе помогне во намалувањето на загадувањето на воздухот“, рече Башир, предупредувајќи дека ветровите од другата страна на границата би можеле да ја влошат ситуацијата во наредните денови.
Секоја зима, дебел слој смог го покрива Лахоре, принудувајќи ги училиштата да се затворат, а милиони луѓе да останат во затворен простор, објави АП.
Минатата година, властите експериментално се обидоа да предизвикаат вештачки дожд за да ја разбијат маглата, но обидот не даде многу резултати.
Како што е познато, претходните неколку зими Скопје заедно со Лахоре беше на врвот на градови со најзагаден воздух во светот, со концентрации и по десетина пати над дозволените.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата