logo
logo
logo

Курц: ПАНДЕМИЈАТА НЕМА ДА ПОМИНЕ ДО ЛЕТО, тоа сите го знаеме

Vecer | 19.03.2021

Курц: ПАНДЕМИЈАТА НЕМА ДА ПОМИНЕ ДО ЛЕТО, тоа сите го знаеме

Сите знаеме дека оваа пандемија до лето нема да помине, изјави австрискиот канцелар Себастијан Курц според кого најголем приоритет на национално, европско, но и глобално ниво е вакцинацијата на населението.

Според Курц само така ќе се врати животот во нормала.

Курц синоќа во својот говор на доделувањето на „Аксел Шпрингер“ наградата истакнал дека само ако се случи голем дел од населението да се вакцинира до лето ќе биде можна нормализација до летото.

Тој нагласи дека ризикот од новите мутации е реален и дека е извесно дека вакцините мора да се прилагодат.

Курц укажа дека историјата на човештвото е историја на напредок.

-На почетокот на 2020 малкумина од нас можеа да предвидат колкава глобална криза ќе предизвика коронавирусот, нагласи Курц.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk