logo
logo
logo

Курц: Ми беше чест, а сега одам во болница да ги земам девојката и синот (ВИДЕО)

Vecer | 02.12.2021

Курц: Ми беше чест, а сега одам во болница да ги земам девојката и синот (ВИДЕО)

Лидерот на Народната партија на Австрија (ОВП), поранешен канцелар Себастијан Курц, се повлекува од политиката. Тој најави дека се повлекува од политиката и од сите функции.

Со зборовите „Ми беше голема чест што имав можност да и служам на земјата десет години, а сега одам во болница да ги земам девојката и синот“, Курц најави повлекување од политиката. Курц изјави дека одлуката ја донел минатиот викенд, кога се родил неговиот син.

„Тоа беше моментот кога станав свесен дека има многу убави работи во животот и надвор од политиката. Ова беше интересно поглавје, но сега е време за нешто ново“, рече Курц, кој се повлекува од политиката на 34 годишна возраст.

Курц во своето обраќање пред медиумите рече дека почувствувал благодарност кога се навраќал на десетгодишната работа во владата, прво како државен секретар, потоа како министер за надворешни работи, а потоа и како канцелар.

„Да бидам искрен, многу сум благодарен за сето тоа време, за сите искуства што можев да ги стекнам и за се што успеавме да спроведеме. Се надевам дека јас и мојот тим успеавме да ја придвижиме земјата барем еден мал чекор во вистинската насока. Секогаш давав се од себе“, објасни тој.

Курц потсети дека од самиот почеток не ги криел своите политички убедувања, а тоа е дека граѓаните мора да можат да живеат од своите приходи, дека е неопходно да се запре миграцијата, дека е важно да се стимулира австриската економија.

Наведе дека тие ставови биле поддржани, но и отфрлени од некои, но во либерална демократија, вели, важно е да се разговара со сите што сакал да ги прави, особено со граѓаните низ целата земја.

„Имав можност да научам многу, бидејќи политиката е сестрана, а позицијата канцелар ви дава широк опсег на области со кои се занимавате. Убаво е кога можеш да поместиш нешто, кога се чувствуваш дека правиш нешто добро. Но, во исто време, на позицијата канцелар, треба да носите бројни одлуки секој ден, а веќе наутро знаете дека меѓу нив ќе има и лоши“, рече тој.

https://youtu.be/jbb58xxn5Ag

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk