logo
logo
logo

Курц го закачи израелското знаме на покривот од неговата канцеларија во Виена

Vecer | 14.05.2021

Курц го закачи израелското знаме на покривот од неговата канцеларија во Виена


Австрискиот канцелар Себастијан Курц го подигна израелското знаме на покривот на зградата каде што се наоѓаат неговите канцеларии во Виена во знак на солидарност со Израел, во време на борби меѓу израелската армија и палестинските милитанти.

Така Курц застана на страната на Израел во конфликтот што трае од понеделникот.

„Терористичките напади врз Израел заслужуваат најостра осуда. Стоиме заедно со Израел“, напиша Курц на „Твитер“.

Судирите меѓу Израелците и Хамас на улиците на источен Ерусалим траат веќе неколку дена. Сè започна за време на прославата на постот на Рамазан и молитвите што муслиманските верници ги извршија во џамијата Ал-Акса. Потоа беа нападнати од десничарски еврејски групи, а потоа израелската полиција интервенираше во целиот конфликт, што резултираше со стотици ранети и уапсени Палестинци. Имало повреди и од израелска страна.

Израелските одбранбени сили распоредија дополнителни копнени трупи на границата последниве денови пред потенцијален упад, но сè уште не е донесена одлука за продолжување на таквата акција.

Вооружениот конфликт во појасот Газа влезе во петти ден, а бројот на мртви и ранети расте, и нема индиции дека ситуацијата ќе почне да се смирува.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk