logo
logo
logo

Куба и Колумбија го осудија американскиот напад врз Венецуела

Vecer | 03.01.2026

Куба и Колумбија го осудија американскиот напад врз Венецуела

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел Бермудез објави на социјалните мрежи дека неговата земја го осудува „криминалниот напад од страна на САД“ врз Венецуела и повика на итна осуда од страна на меѓународната заедница за она што го опиша како „државен тероризам против храбриот венецуелски народ и против Наша Америка“.

Претседателот на соседна Колумбија Густаво Петро побра итен состанок на Советот за безбедност на ОН и „осуда на американската агресија“.

- Тие моментално го бомбардираат Каракас... го гаѓаат со ракети. Колумбија е членка на Советот за безбедност на Обединетите нации и мора веднаш да се свика итен состанок. Да се ​​утврди меѓународната легалност на агресијата против Венецуела, напиша Густаво Петро на X.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk