Официјалните лица рекоа дека се стравува дека ова не е конечниот биланс на загинати. Неколку сведоци изјавија дека децата биле згмечени додека се обидувале да се пробијат низ главниот влез.
Инцидентот се случил вчера во средното исламско училиште Башорун во главниот град на државата Ибадан, јави Ројтерс. Карневалот го организирал невладина организација по повод Божиќ.
#BREAKING 35 children killed, six injured in southern Nigeria stampede: police pic.twitter.com/vATBUZBC9Z
— AFP News Agency (@AFP) December 19, 2024
Организаторите најавиле дека ќе бидат обезбедени храна и подароци за 5.000 деца, но речиси 8.000 од нив се појавиле вчера рано наутро.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата