logo
logo
logo

Кремљ: Колку помалку оружје за Украина – толку поблиску е крајот на војната

Vecer | 02.07.2025

Кремљ: Колку помалку оружје за Украина – толку поблиску е крајот на војната

- Сфаќаме дека причината за оваа одлука е недостиг на оружје во американските магацини. Во секој случај, колку помалку оружје се испорачува на Украина, толку поблиску е крајот на специјалната воена операција, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според западни медиуми, Пентагонот престанал со испораките на некои противвоздушни ракети и високопрецизни муниции поради загриженост за сопствените резерви. Висок украински пратеник ова го оцени како „болно“ за обидите на Киев да се одбрани од зголемените руски воздушни напади во последните недели.

Песков, исто така, изјави дека Франција ја побарала телефонската комуникација меѓу претседателите Емануел Макрон и Владимир Путин, што била прва директна средба по речиси три години. Разговорот, кој траел повеќе од два часа, бил „многу содржаен“ и опфатил теми како војната во Украина и конфликтот меѓу Иран и Израел.

На новинарско прашање дали Макрон покажал подготвеност да разговара за мировни услови кои би ги признале новите реалности на теренот, Песков одговори: „Не, не покажа. Имаше размена на мислења, а разговорот опфати и детали. Ова беше добра можност за разјаснување на ставовите“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk