logo
logo
logo

Кралот на Норвешка, Харалд ќе остане уште неколку дена во болница во Малезија

Vecer | 01.03.2024

Кралот на Норвешка, Харалд ќе остане уште неколку дена во болница во Малезија

Осумдесет и седумгодишниот монарх беше на одмор во оваа југоисточна азиска земја, но претходно оваа недела беше откриено дека има инфекција.

„Неговото кралско височество сè уште закрепнува“, соопшти палатата.

Владата на земјата вчера побара од армијата да се ангажира во врска со патувањето на кралот назад во Норвешка. Медицинскиот авион за евакуација денеска пристигна во Лангкави откако вчера го напушти Осло.

Престолонаследникот Хокон ги презема должностите во отсуство на неговиот татко, вклучувајќи ја и неделната средба со премиерот и владата, која треба да се одржи подоцна денеска.

Кралот Харалд ја извршува кралската функција во Норвешка од 1991 година и е највозрасниот монарх во Европа. Во последните години тој постојано беше хоспитализиран поради инфекции и му беше направена операција на срцето.

Харалд, кој е правнук на британската кралица Викторија, изјави дека не планира да абдицира и дека неговата заклетва дека ќе и служи на Норвешка е доживотна. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk