logo
logo
logo

Кралот на Холандија СЕ ОТКАЖА ОД ЗЛАТНАТА КОЧИЈА, барем засега

Vecer | 14.01.2022

Кралот на Холандија СЕ ОТКАЖА ОД ЗЛАТНАТА КОЧИЈА, барем засега

Холандскиот крал Вилем-Александар изјави дека повеќе нема да ја користи златната кралска кочија поради дебатата што започна за една од сликите на неа.

Имено, на едната страна од оваа кочија има слика за која критичарите велат дека го велича колонијалното минато на таа земја.

Холандија долго време беше колонијална суперсила, а нејзините трговци со робови заработија големи суми пари.

– Златната кочија повторно ќе се вози дури кога Холандија ќе биде спремна, но тоа сега не е така – рекол кралот во видео пораката.

На една од сликите на кочијата се гледаат Афроамериканци и Азијци како нудат стока на млада бела девојка која ја симболизира Холандија, пишува Euro news.

Кочијата во моментов е изложена во Музејот во Амстердам, по долга реставрација.

Претходно се користела за транспорт на монарси низ улиците на Хаг, до отворањето на Парламентот секој септември.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk