logo
logo
logo

Кралицата Елизабета го прославува 95. роденден, првпат без сопругот

Vecer | 21.04.2021

Кралицата Елизабета го прославува 95. роденден, првпат без сопругот


Британската кралица Елизабета Втора денеска ќе го прослави својот 95-ти роденден, годинава на поинаков начин, првпат без сопругот принцот Филип, кој неодамна почина, и втора година по ред без традиционалната воена парада, која нема да се одржи поради пандемијата.

Извори блиски до кралското семејство за британски „Харперс базар“ изјавија дека кралицата ќе го прослави својот роденден со мал број членови на семејството и дека традиционалниот портрет на кралското семејство нема да биде објавен оваа година, бидејќи денови на жалост за принцот Филип траат до петок.

Портпаролот на британското Министерство за одбрана потврди дека ниту годинава, ниту минатата година нема да има почесна стрелба на кралската стража од лондонскиот Тауер и Хајд Парк, како ни јунските роденденски прослави познати како „Поздрав на боите“.

Како што се наведува, иако кралицата нема да ги извршува кралските должности во следните недели, таа ќе работи од дома, односно ќе одговори лично на пораките на светските лидери кои изразија сочувство за смртта на принцот Филип.

Британските медиуми јавуваат дека принцот Хари го продолжил престојот во Велика Британија поради роденденот на кралицата.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk