logo
logo
logo

Крај? „Путин веќе не може да победи“

Vecer | 24.11.2022

Крај? „Путин веќе не може да победи“

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека рускиот претседател Владимир Путин повеќе не може да победи на бојното поле.

На заедничката прес-конференција во Берлин со претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис, Шолц повика на итен прекин на „руското бомбардирање на цивилното население“.

„Фактот што Русија со недели ги фрла своите бомби врз цивилната инфраструктура во Украина не само што е неподносливо, туку е и јасно кршење на меѓународното право. Постапките на Русија уште еднаш покажаа колку е безмилосен Путин. Повторно апелирам до Путин да го запре бесмислени убиства и целосно да ги повлече своите војници од Украина и да се согласи на мировни преговори“, рече Шолц, а пренесе Дојче веле.

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека наскоро ќе разговара со Путин.

„Имам намера да имам директен контакт со него во наредните денови“, изјави Макрон за новинарите во Париз. Според Макрон, лидерите ќе разговараат за цивилната нуклеарна енергија и нуклеарната централа Запорожје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk