logo
logo
logo

КОВИД ПАСОШ: Што ќе содржи, како ќе изгледа и кога може да се користи

Vecer | 09.03.2021

КОВИД ПАСОШ: Што ќе содржи, како ќе изгледа и кога може да се користи

Предлогот за изгледот и содржината на ковид пасошите, за кои се зборува подолго време се очекува да бидат презентирани во текот на овој месец.

Крунослав Цапак, раководител на Хрватскиот институт за јавно здравје и член на Националниот штаб за цивилна заштита, за „Јутарњи лист“ изјави дека сертификатот мора да ги содржи името и презимето на вакцинираното лице, земјата од каде доаѓа, името на вакцината што тој ја има примено, датумот на вакцинација, серискиот број и бар-кодот преку кој ќе се читаат податоците.

- Сертификатот за вакцинација во моментов се користи само за медицински цели, а не за минување преку граница. Употребата на сертификатите интензивно се дискутира, сигурно ќе дојде време кога ЕУ ќе донесе одлука, но сепак има многу прашања и полемики - рече тој

Цапак истакна дека досега ниту една земја членка на ЕУ нема донесено одлука за преминување на граница врз основа вакцинација но има билатерални договори.

Тој посочи дека Хрватска има и неколку билатерални разговори за заемно признавање на сертификатите за вакцинација.

Цапак објасни дека во овој момент нема визуелни содржини, туку само договор на ниво на ЕУ за содржината што треба да содржи сертификатот, односно, како што колоквијално се нарекува, ковид пасош.

- Постигнат е договор за содржината на сертификатот. Треба да ги содржи името и презимето на лицето, земјата од која потекнува, вакцината што била користена, датумот на вакцинација и серискиот број на вакцината – објасни тој.

Верува дека ќе бидат потребни три месеци за да започнат да функционираат овие пасоши.

Имено, на ниво на ЕУ, сè уште се разгледува дали граѓаните кои биле вакцинирани ќе добијат паметни картички или ќе имаат QR-код што може да се чита на преку мобилните телефони.

- Ми се чини дека најверојатната варијанта е со QR код, но станува збор за голем број луѓе од цела ЕУ, јасно е дека тоа е голема работа за собирање податоци, но и за експертите да се најде ИТ решение - заклучи Цапак.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk