logo
logo
logo

„Короната до крајот на годината може да стане како грип“

Vecer | 14.02.2021

„Короната до крајот на годината може да стане како грип“

Министерството за здравство на Велика Британија објави дека новите начини на лекување и вакцинација ќе значат дека короната ќе се претвори во „уште една болест со која ќе мора да живееме“, што значи дека животот ќе може да се врати во нормала.

Министерот за здравство Мет Хенкок се надева дека Ковид ќе биде „лечлива болест слична на грипот“ до крајот на годината.

Додаде дека е „убеден“ дека на сите возрасни лица ќе им биде понудено да се вакцинираат до септември.

Тој е оптимист дека вирусот, кој од почетокот на пандемијата однесе повеќе од 116.000 животи во островската земја, „ќе биде само уште една болест со која ќе живееме“.

„Мораме да го сведеме Ковид на тоа ниво во наредните месеци. Ако Ковид се претвори во болест слична на грипот, ќе можеме да живееме нормално и да ја ублажуваме ситуацијата со третмани и вакцини – рече Ханкок во едно интервју.

Дени Олтман, професор по имунологија на Кралскиот колеџ во Лондон, рече дека се согласува со коментарите на Ханкок дека Велика Британија ќе може да живее со ковид на ист начин како и со грипот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk