logo
logo
logo

Коосновачот на „Телеграм“, Дуров, под истрага за помагање терористички активности

Vecer | 24.02.2026

Коосновачот на „Телеграм“, Дуров, под истрага за помагање терористички активности

Врз основа на материјали од руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), државниот весник „Росијскаја газета“ тврди дека од 2022 година бројот на регистрирани кривични дела извршени со користење на апликацијата за пораки надминал 153.000.

Се додава дека 33.000 кривични дела биле од саботажно-терористичка и екстремистичка природа, вклучувајќи организирање експлозии, подметнување пожари во воени канцеларии и убиства.

„Благодарение на работата на руската ФСБ беше можно да се спречат 475 терористички напади што беа подготвени преку 'Телеграм'“, се наведува во весникот.

Меѓу спречените кривични дела наводно имало 61 масовно пукање во училишта планирани од тинејџери.

Во статијата исто така се тврди дека терористичкиот напад од март 2024 година врз концертната сала „Крокус“ во Московската област бил координиран преку апликацијата.

„Жртви на дигиталната попустливост беа руски граѓани, блогери и новинари, вклучувајќи ги Дарја Дугина и Максим Фомин, како и девет високи воени функционери, вклучувајќи го и генерал-полковник Игор Кирилов.

Непријателот, користејќи аналитика на „Телеграм“, собрал податоци за нивните роднини, патни правци и дневни рутини“, се наведува во статијата.

Покрај тоа, евидентирани се речиси 700 директни закани кон членови на семејствата на руски воен персонал. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk