logo
logo
logo

Колумбија ги забрани борбите со бикови, матадорите ќе се преквалификуваат

Vecer | 23.07.2024

Колумбија ги забрани борбите со бикови, матадорите ќе се преквалификуваат

„Не можеме да му кажеме на светот дека убивањето на живи и чувствителни суштества за забава е култура“, рече Петро вчера на церемонијата на која присуствуваа стотици активисти за правата на животните на патеката за бикови во Богота.

Тој додаде дека уништувањето на природата би значело крај на човештвото. „Природата има права кои се независни од нас и овие права мора да се почитуваат“, рече тој. Арената со бикови ќе стане сцена за „култура, спорт и живот, а не смрт“, рече претседателот. Земјата сега има три години да ги претвори арените во центри на културата и уметноста.

Матадорите, работниците кои заработуваа борејќи се со бикови, ќе треба да се преквалификуваат, рече Петро. Законот наречен „No más olé“, што значи нема повеќе оле - навивање што се користи за време на борбите со бикови, Конгресот го усвои со историска одлука на крајот на мај.

Борбите со бикови се традиција во Колумбија уште од шпанскиот колонијален период. Активистите за права на животните постојано протестираа против нив во последните години. Колумбија беше една од осумте земји што ги дозволија борбите со бикови како легална активност, заедно со Шпанија, Португалија, Франција, Еквадор, Мексико, Перу и Венецуела.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk