logo
logo
logo

ИСТРАЖУВАЊЕ: Колку време ќе имаме антитела по вакцинирањето?

Vecer | 07.04.2021

ИСТРАЖУВАЊЕ: Колку време ќе имаме антитела по вакцинирањето?

Ново истражување објавено во научното списание The New England Journal of Medicine покажува дека две дози од вакцината на американската компанија Модерна против ковид-19 произведуваат антитела дури и по шест месеци.

Истражувањата продолжуваат за да се види колку долго антителата можат да се детектираат кај вакцинираните лица.

Откриено е високо ниво на антитела кај сите возрасни групи кои учествувале во клиничките испитувања. Ги имало повеќе кај помладите отколку кај постарите луѓе.

Експертите ќе продолжат да ги следат учесниците за да утврдат кога завршува заштитата и за колку може да се продолжи со дополнителни дози на вакцина.

Друго истражување открило дека вакцината на американската компанија Фајзер била речиси 92 проценти ефективна по шест месеци. Процентот за Модерна не е наведен, но двете вакцини се покажале дека се многу ефикасни против тешки форми на болеста.

Таа вест доаѓа во време кога американските сојузни држави сакаат да ја прошират вакцинацијата на општата популација. Претседателот Џо Бајден во вторникот за две недели, на 19 април го помести датумот кога вакцината ќе биде достапна за сите возрасни Американци.

Според Центарот за контрола и превенција на болести, до вторник, повеќе од 108 милиони луѓе, скоро 33 проценти од населението, примиле една, а повеќе од 63 милиони обете дози на вакцина против коронавирус.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk