logo
logo
logo

Колапс на автоиндустријата во Русија

Vecer | 30.06.2022

Колапс на автоиндустријата во Русија

Русија во мај произведе 3.700 автомобили, 97 отсто помалку отколку во истиот месец минатата година, објави државната агенција за статистика Росстат.

Производството се движело од 95.000 автомобили во јануари и 108.000 во февруари, пред да падне на 40.800 во март.

Русија произвела вкупно 268.000 возила во периодот од јануари до мај оваа година, што е половина од истиот период минатата година.

Производството на камиони и автобуси во мај падна за речиси 40 отсто и 6,5 отсто, во споредба со мај 2021 година.

Руската автомобилска индустрија вработува 300.000 луѓе, а уште 3 милиони работат во сродни индустрии.

Само две од 20-те фабрики за автомобили останаа во Русија откако големите производители на автомобили го прекинаа производството и продажбата поради инвазијата во Украина.

Продажбата на најпопуларниот и најприфатливиот бренд Lada падна за речиси 84 отсто во мај, соопшти Асоцијацијата на европски бизниси.

Министерот за индустрија Денис Мантуров го припишува зголемувањето на цените на возилата од 30 отсто на инфлацијата, порастот на цените на деловите и падот на курсот на рубљата.

Претседателот Владимир Путин претходно во јуни нареди нова стратегија за драстично да се намали зависноста на руската автомобилска индустрија од странска технологија и да се обезбеди нејзината „глобална конкурентност“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk