logo
logo
logo

Кој е исламизираниот Данец, кој со лак и стрела направи масакр во Норвешка? (ФОТО)

Vecer | 14.10.2021

Кој е исламизираниот Данец, кој со лак и стрела направи масакр во Норвешка? (ФОТО)

Данецот (37), кој беше уапсен синоќа откако уби пет лица пред супермаркет во норвешкиот град Конгсберг, наводно е Рајнер Винкларсон.

Барем така тврдат некои локални медиуми, чие пишување го пренесуваат и многубројни медиуми во Европа. Веста стигна од социјалните мрежи, но норвешката полиција не го потврди ниту пак го негира името на напаѓачот. Исто така, ниту имињата на жртвите од нападот не се објавени.

Името на Рајнер Винкларсон може да се најде во многубројни медиуми и на социјалните мрежи, каде што се тврди дека тој е оној кој, од сè уште непознати причини, убиваше луѓе вчеравечер со лак и стрела.

На социјалните мрежи се појавија и фотографии на кои се гледа човек за кој се тврди дека е Винкларсон, кој гаѓа во цел со стрела.

Овие фотографии не го покажуваат неговото лице, туку само човек кој стрела кон непозната цел во дворот на една куќа.

Заедно со овие информации, може да се најде и тврдењето дека нападот бил претходно објавен на Јутјуб, каде зборувал за убиствата на неколку луѓе, па дури и демонстрирал вештини за ракување со лак и стрела.

Aвтентичноста на видеото што може да се најде на Јутјуб досега никој не ја потврдил.

Што е досега официјално?

Нема многу официјални информации за напаѓачот. Се што објави полицијата беше дека напаѓачот е Данец и дека има 37 години. Исто така, беше објавено дека преминал во ислам и дека минатата година бил под полициски надзор поради сомнение дека може да се радикализира. Потоа, тој беше оценет како потенцијална закана, меѓутоа, бидејќи немало ниту еден инцидент во кој учествувал во текот на оваа година, властите не го третирале како сериозна опасност во моментот.

Напаѓачот од Норвешка означен како „закана“ поради радикализмот – се испитува дали се работи за терористички напад

Последниот извештај за него стигнал во полиција кон средината на 2020 година, изјави шефот на норвешката полиција Оле Брадруп Саверуд на прес-конференција.

„Имаше неколку пораки, но не можам точно да ви кажам што содржеа. Има некои, но сите тие се анализираат од полицијата“,рече тој.

Во нападот што се случи синоќа на улиците на норвешкиот град Конгсберг, пет лица загинаа, а две се тешко повредени. Полицијата го уапси напаѓачот 34 минути откако граѓаните го пријавија нападот. Напаѓачот во моментов е во притвор. Според неговиот адвокат, тој го признал делото и разговарал со полицијата неколку часа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk