logo
logo
logo

Кобахидзе: Опозицијата не успеаја да го спроведе сценариото на украински Мајдан

Vecer | 03.12.2024

Кобахидзе: Опозицијата не успеаја да го спроведе сценариото на украински Мајдан

Кобахидзе на прес-конференцијата рече дека „националниот Мајдан во Грузија пропаднал, и покрај координираните напори“.

Премиерот нагласи дека организаторите на протестите, вклучително и невладините, нема да можат да избегаат од одговорност.

Зборувајќи за вклученоста на опозициските лидери во организирањето на протестите, Кобахидзе рече дека лидерите на опозициските партии „седат во своите канцеларии и не учествуваат во протестите“, но дека тоа не значи ништо.

Серија протести на опозицијата почнаа во Грузија на 28 ноември, откако премиерот Иракли Кобахидзе објави одлука за прекин на почетокот на преговорите за членство на Грузија во ЕУ до 2028 година.

За време на протестите, кои оттогаш се организираат секоја вечер, демонстрантите фрлаа камења, шишиња и петарди кон зградата на Парламентот, а ноќта на 1 декември предизвикаа и пожар, додека полицијата неколку пати ги растера со водени топови и солзавец. Протести во Тбилиси пред зградата на Парламентот се одржаа и синоќа.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи на Грузија, полицијата во текот на неколку дена привела повеќе од 200 учесници на протестот, а на протестот биле повредени повеќе од 110 припадници на полицијата. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk