logo
logo
logo

Кина воведе санкции за западните компании

Vecer | 27.12.2024

Кина воведе санкции за западните компании

Кинеската влада денеска одобри воведување санкции против седум западни компании како одговор на неодамнешните најави на САД за продажба на оружје и воена помош за кинескиот регион Тајван, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Пекинг.

Имотот на овие компании во Кина, како што се наведува, ќе биде замрзнат, а на кинеските субјекти им е забрането да соработуваат со нив.

Во соопштението на Министерството за надворешни работи се вели дека потезите на САД ги прекршуваат договорите меѓу двете земји за Тајван, се мешаат во внатрешните работи на Кина и го поткопуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на нацијата.

Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден минатата недела одобри воена помош од 571 милион долари за Тајван, а Пентагон објави продажба на оружје во вредност од 295 милиони долари на островот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk