logo
logo
logo

Кина вети стабилни односи со Јужна Кореја по отповикувањето на претседателот Јун

Vecer | 07.04.2025

Кина вети стабилни односи со Јужна Кореја по отповикувањето на претседателот Јун

- Се надеваме дека Јужна Кореја ќе ја задржи политичката и социјалната стабилност, рече портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џијан, ветувајќи дека врските со Сеул ќе ја задржат „стабилноста“.

Уставниот суд на Јужна Кореја во петокот едногласно го разреши од функцијата претседателот Јун Сук-Јол, четири месеци откако тој се обиде да воведе вонредна состојба во неговата земја ноќта меѓу 3 и 4 декември.

Jун, 64-годишен поранешен обвинител, беше избран во 2022 година, но никогаш немал мнозинство во парламентот. Парламентот, кој во декември едногласно гласаше за текст со кој се повикува на укинување на вонредната состојба, го принуди Јун да ја исполни одлуката.

Вонредните претседателски избори треба да се одржат во рок од 60 дена. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk