logo
logo
logo

Кина одобри уште две вакцини против коронавирус

Vecer | 26.02.2021

Кина одобри уште две вакцини против коронавирус


Кина одобри употреба на уште две вакцини против коронавирус. За вакцината„Кансино е потребна само една доза и, како што е наведено,  ефикасна е воречиси две третини од случаите четири недели по вакцинацијата.

Втората вакцина е произведена на Институтот за биологија во Вухан, која е дел од државната компанија „Синофарм“ и е ефикасна во повеќе од 72 проценти од случаите.

Вакцините од „Синовак“ и „Синофарм“ претходно беа одобрени за употреба. Двете компании тврдат дека можат да произведат милијарда дози годишно, според АП. Најавено е дека годишното производство на вакцината Кансино ќе биде 300 милиони, а вакцината од Вухан 100 милиони дози.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk