logo
logo
logo

Кина на удар на тајфунот „Чаба“, потона брод во Хонг Конг со 30 патници (ВИДЕО)

Vecer | 02.07.2022

Кина на удар на тајфунот „Чаба“, потона брод во Хонг Конг со 30 патници (ВИДЕО)

Тајфунот Чаба, по тајландското име за цветот хибискус, денеска се движи со брзина од 15 до 20 километри на час во северозападен правец откако центарот на бурата го погоди Маоминг, град во Гуангдонг, соопшти Националната метеоролошка управа.

Чаба, тајфун со средна јачина што се очекува да ослаби, најверојатно ќе донесе обилни дождови и ќе го собори рекордот на врнежи. Се предвидува дека во некои области може да наврнат и до 600 мм дожд.

Подрачјата западно од Гуангдонг, источно од автономната провинција Гуангкси и островската провинција Хаинан се на удар.

Во Хаинан, железничкиот сообраќај е прекинат, а повеќе од 400 летови до и од градовите Хаику и Сања се откажани.

Во водите на Хонг Конг, кој се наоѓа на 270 километри североисточно од Маоминг, брод со десетина членови на екипажот и 30 патници се преполови за време на минувањето на тајфунот Чаба. Тие во моментов се сметаат за исчезнати, a досега се спасени само тројца членови на екипажот.

Синоптичарите најавија екстремни временски услови во Кина до крајот на август.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk