logo
logo
logo

Кина ја отфрли понудата на Трамп за царински олеснувања во замена за продажба на ТикТок

Vecer | 27.03.2025

Кина ја отфрли понудата на Трамп за царински олеснувања во замена за продажба на ТикТок

„ТикТок“ е под закана дека ќе биде забранет во САД, доколку нејзината кинеска матична компанија „Бајтденс“ не се согласи да го продаде својот удел во своите операции во САД.

„Кога станува збор за TикToк, Кина постојано го изразуваше својот став. Позицијата на Кина против наметнување дополнителни царини е исто така кохерентна и јасна“, рече Гуо Диакун, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека би можел да ги намали тарифите за Кина за да помогне во затворањето на договорот за продажба на TикToк, кој е под закана од забрана во САД.

„Кина ќе мора да игра улога (во продажбата на апликацијата), можеби тие ќе мора тоа да го одобрат, а тоа ќе го направат, можеби ќе им дадам мало намалување на царините“, рече Трамп синоќа, говорејќи во Белата куќа.

Тој ова го изјави вчера кога најави нови увозни тарифи од 25 отсто за сите автомобили и автоделови кои влегуваат во САД.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk