logo
logo
logo

Кина го разгледува американскиот извештај за шпионски балон над САД и Канада

Vecer | 03.02.2023

Кина го разгледува американскиот извештај за шпионски балон над САД и Канада

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, изјави дека нема информации дали ќе се одржи планираната посета на американскиот државен секретар Ентони Блинкен на Кина.

-Кина е одговорна земја и секогаш строго го почитува меѓународното право и нема намера да ја нарушува територијата и воздушниот простор на која било суверена земја. Што се однесува до балоните, ја разгледуваме и проверуваме ситуацијата и се надеваме дека двете страни ќе се справат со тоа мирно и внимателно, рече Мао.

САД и Канада денеска соопштија дека следеле шпионски балон што летал на голема височина над Северна Америка и над чувствителни воени локации.

Пентагон синоќа соопшти за присуство на балон во воздушниот простор на САД, за кој се верува дека е кинески, а канадската Влада денеска објави дека истражува „уште еден потенцијален инцидент“.

Блинкен денеска требаше да пристигне во Кина во услови на зголемени тензии меѓу Пекинг и Вашингтон околу трговијата, Тајван, човековите права и територијалните претензии на Кина во Јужното Кинеско Море. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk