logo
logo
logo

Кина го претстави новиот амфибиски јуришен брод Сечуан

Vecer | 27.12.2024

Кина го претстави новиот амфибиски јуришен брод Сечуан

Бродот Сечуан е првиот брод од новата генерација „Тип 076“ (Type 076), кој треба да игра клучна улога во трансформацијата на морнарицата и подобрувањето на нејзината борбена способност.

За разлика од носачите на авиони, бродовите од „Тип 076“ се опремени и со транспортни чамци, кои им овозможуваат на војниците и опремата да стигнат до крајбрежјето.

Посебна карактеристика е сè уште ретко инсталираниот електромагнетен авионски катапулт, кој му овозможува на бродот Сечуан да носи не само хеликоптери туку и борбени авиони. Катапултот овозможува поголема ефикасност и побрзо лансирање.

Кина има една од најголемите морнарици во светот и веќе има три помали амфибиски јуришни бродови од претходниот „Тип 075“.

Центарот за стратешки и меѓународни студии (ЦСИС), со седиште во Вашингтон, во август врз основа на сателитски снимки го опиша бродот Сечуан како најголем амфибиски јуришен брод во светот.

Но, според ЦСИС, бродот ечуан нема суштински да ја промени воената рамнотежа во Индо-Пацификот, туку само ќе и овозможи на Кина да ја проектира својата борбена моќ во западниот дел од Тихи Океан и во Јужно Кинеско Море./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk