Кина ги повика Соединетите Американски Држави да ги продолжат со разговорите со Москва за стратешката стабилност и последователните аранжмани по истекот на новиот договор за намалување на стратешкото вооружување (Нов старт) меѓу САД и Русија, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијан.
„Тоа е исто така заедничко очекување на меѓународната заедница“, рече Џијан на редовната прес-конференција.
На прашање да го коментира предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за развој на нов, унапреден и долгорочен договор за стратешко вооружување со Русија, наместо продолжување на договорот Нов старт, што истече вчера, Лин рече дека кинеската страна не е запознаена со деталите на тој предлог.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата