Недостатокот е предизвикан од американската блокада на испораките од Венецуела.
„Кина цврсто ја поддржува Куба во заштитата на нејзиниот национален суверенитет и безбедност и се спротивставува на странското мешање“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи Лин Џиан на прес-конференција.
„Секогаш ќе ѝ пружиме поддршка и помош на кубанската страна во рамките на нашите можности“, додаде таа, пренесоа британските медиуми.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата