logo
logo
logo

Кина е ЛИДЕР ВО ПРОИЗВОДСТВОТО НА ВАКЦИНИ

Vecer | 27.03.2021

Кина е ЛИДЕР ВО ПРОИЗВОДСТВОТО НА ВАКЦИНИ

Кој му дава на светот најмногу вакцини во борбата против пандемијата? Еве ги одговорите.

Меѓу фармацевтските компании, „Pfizer“ е лидер во производството на дози на вакцини против Ковид-19. Ова го покажуваат податоците на научната компанија „Airfinity“, цитирани од „Statista“.

Според податоците, компанијата досега произведе 119 милиони дози.

На второ место е кинескиот „Sinovac“ со 91 милион дози, а на трето место е „AstraZeneca“ со 83 милиони дози.

До 3-ти март 2021-ва година се произведени вкупно околу 413 милиони дози од 9 различни вакцини против новиот коронавирус.

Во однос на земјите на производство, Кина е лидер со произведени 141,6 милиони дози. Соединетите држави се на второто место со 103 милиони дози.

Заедно, Германија и Белгија произведоа 70,5 милиони дози, а Индија 42,4 милиони дози.

Индивидуалните податоци покажуваат дека зголемената побарувачка за вакцини против коронавирусот води кон огромни промени во производството на вакцини воопшто. Компаниите драматично го зголемија производството на вакцини за коронавирусот, со 43% од нив се „mRNA“, 22% имаат вирусен вектор и 35% користат цел вирус.

Околу 9,5 милијарди дози вакцина против коронавирусот се очекува да бидат произведени во 2021-ва година. Бројот е скоро двојно поголем од обемот на сите произведени вакцини непосредно пред пандемијата, покажуваат податоците.

Сепак, глобалната побарувачка оваа година ќе го надмине производството, што се очекува да изнесува 11,5 милијарди дози.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk