logo
logo
logo

Ким ја прогласи Јужна Кореја за „непријателска држава број еден“

Vecer | 24.03.2026

Ким ја прогласи Јужна Кореја за „непријателска држава број еден“

Како што јави Севернокорејската новинска агенција (КЦНА), Ким во говорот на 15. седница на Врховното народно собрание го потврди статусот на земјата како нуклеарна сила.

На седницата разгледувана е и ревизија на Уставот бидејќи се наведува повторно обединување на Корејскиот Полуостров, но Ким уште од 2024 година побара измени со кои Јужна Кореја би била дефинирана како „непријателска држава број еден“.

Ким во говорот ги обвини САД за „тероризам и инвазии“ во разни делови на светот нагласувајќи оти безбедноста на земјата може да се гарантира само со „најмоќна сила“.

Тој најави дека Северна Кореја ќе продолжи да го развива своето нуклеарно одвраќање и да одржува „брз и прецизен“ одговор на стратешките закани. Пјонгјанг уште во 2022 година усвои закон со кој се дозволува превентивна употреба на нуклеарно оружје.

На истата седница зголемен е и државниот буџет за 5,8 проценти во споредба со претходната година, што претставува најголемо зголемување во изминатите неколку години. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk