logo
logo
logo

„Једиот ахронот“: САД го одредија 9 април како рок за завршување на војната со Иран

Vecer | 24.03.2026

„Једиот ахронот“: САД го одредија 9 април како рок за завршување на војната со Иран

Според весникот „Једиот ахронот“, кој се повикува на неименуван израелски функционер, Вашингтон го дефинирал овој датум како цел за запирање на конфликтот оставајќи простор од 21 ден за продолжување на борбените дејства паралелно со дипломатските напори.

Во извештајот се наведува дека разговорите меѓу Иран и САД се очекува да се одржат кон крајот на неделата во Пакистан, но се додава дека Вашингтон не ја информирал израелската страна за деталите од контактите со претседателот на иранскиот парламент, Мохамад Багер Калибаф. Според весникот, Израел смета дека САД веќе водат индиректни преговори со Калибаф по изјавите на претседателот Доналд Трамп за постоење контакти со Техеран со цел ставање крај на војната.

Сепак, Калибаф вчера ги демантира ваквите наводи оценувајќи ги како „лажни вести“ насочени кон манипулирање со финансиските и нафтените пазари. Во меѓувреме, Трамп соопшти дека наредил петдневно одложување на сите напади врз иранските електрани и енергетската инфраструктура повикувајќи се на „многу добри и продуктивни“ разговори со Техеран во изминатите два дена.

Ескалацијата во регионот трае од 28 февруари кога САД и Израел почнаа заедничка офанзива врз Иран. Во конфликтот досега загинаа повеќе од 1.340 лица, меѓу кои и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи. Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети врз Израел, како и врз Јордан, Ирак и заливските држави, кои се домаќини на американски воени капацитети. Нападите предизвикаа човечки жртви и материјални штети, а воедно доведоа и до сериозни нарушувања на глобалните пазари и на воздушниот сообраќај. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk