logo
logo
logo

Христодулидис: Не отстапуваме ни педа окуптирана земја ниту на Ердоган ниту на некој друг

Vecer | 22.07.2024

Христодулидис: Не отстапуваме ни педа окуптирана земја ниту на Ердоган ниту на некој друг

Не отстапуваме ни педа окупирана земја, ниту на Ердоган, ниту на некој друг, порача претседателот на Кипар Никос Христодулидс, истакнувајќи дека ќе направат сè што е можно за да се создадат услови, „да ја обединиме нашата татковина врз основа на договорената рамка“, јави дописничката на МИА од Атина.  

Прашан за коментар за изјавите на турскиот претседаел Реџеп Таип Ердоган дека единствено можно решение е решението на две држави, Христодулидис рече дека „нема да ги коментира изјавите на Ердоган и дека не очекувал ништо поразлично од него.

-Неговите изјави ја одразуваат слабоста што ја има Турција на меѓународно ниво и пошироко за да ги наметне своите неприфатливи позиции. Што и да каже господинот Ердоган, Турција, 50 години подоцна, продолжува, според меѓународната заедница, не само според наша проценка, да е нелегален поседувач на 37 отсто од територијата на земја членка на Европската унија, рече кипарскиот претседател. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk