logo
logo
logo

Хорор во Ново Мексико: Убиени се четворица муслимани, сите оделе во иста џамија (ВИДЕО)

Vecer | 09.08.2022

Хорор во Ново Мексико: Убиени се четворица муслимани, сите оделе во иста џамија (ВИДЕО)

Поради серијата убиства на сограѓани од исламска вероисповед, дел од муслиманите во тој град порано почнале да ги затвораат дуќаните, а некои дури велат дека повеќе не излегуваат откако ќе се стемни.

Три лица од јужноазиско потекло се убиени во последните две недели, а деталите за тоа како се убиени покажуваат дека се работи за истиот сторител, а полицијата

попладнево извести дека го уапсила осомничениот за кој веруваат дека ги убил сите четири лица . Муслиманската заедница е во паника и се чувствува беспомошно, пишува Вашингтон пост. Полицијата се сомнева и дека трите убиства би можеле да се поврзат со друго, извршено во ноември 2021 година, кое се уште е неразјаснето.

Мотивот за убиствата се уште е под истрага. Сите убиени биле нападнати од заседа, а полицијата неодамна побарала помош за пронаоѓање на автомобилот Џета со затемнети стакла. Во истрагата е вклучен и ФБИ. Во Албукерки живеат околу 5.000 муслимани, многу од нив имигранти, а 560.000 луѓе живеат во тој град на Ново Мексико.

Последна жртва е Наем Хусеин, возач на камион кој имал дваесетина години и неодамна добил државјанство. Тој бил пронајден мртов на паркинг. Неколку часа пред убиството, Хусеин бил на последното збогување со Афтаб Хусеин (41) и Мухамед Афзаал Хусеин (27), претходни жртви, во Исламскиот центар во Ново Мексико. Жртвите не се во роднинска врска, иако имаат исто презиме, а сите биле редовни на молитвите во Центарот.

„Во САД сум од 1995 година. Поминав низ 11 септември. Ерата на Трамп. Но, никогаш не сум се чувствувал толку исплашен и беспомошен“, рече Тахир Гауба, еден од лидерите на Центарот.

Минатата година, во ноември, Мохамад Ахмади (62) бил убиен пред неговата продавница, а тогаш полицијата сметала дека тоа е изолирано злосторство.

По третото убиство, полицијата го известила Центарот дека се сомнева дека цел биле муслимани. Поради ова, локалното училиште поврзано со Центарот ги засилило безбедносните мерки и повторно вградиле посебен начин на влегување во зградите.

На серијата убиства на муслимани во Ново Мексико се осврнал и претседателот Џо Бајден кој рече дека „страшните убиства го растажуваат и лутат“. „Додека ги чекаме резултатите од истрагата, моите мисли се со семејствата на жртвите. Нема место за такви злосторства од омраза во Америка“, рече Бајден.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk