„Вчера, во соработка со Финска и Шведска, пресретнавме руски авиони вооружени со суперсонични ракети над Балтичкото Море“, објави холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс, пренесува порталот Nederland Time.
Фотографиите објавени од шведската војска еден ден претходно покажуваат два ловци СУ-27 придружуваат два руски бомбардери ТУ-22М, очигледно вооружени со проектили со долг дострел.
Dutch F-35s intercept Russian military aircraft armed with long-range cruise missiles https://t.co/q2CSAi2PiJ
— NL Times (@NL_Times) December 18, 2024
Холандските авиони Ф-35 се распоредени во областа заедно со финските ловци Ф/А-18 Хорнет и шведските Грипенс.
„Заштитата на нашата безбедност бара постојана подготвеност“, рече Брекелманс.
Од 1 декември, четири холандски борбени авиони Ф-35 се распоредени во воздухопловната база Амари во Естонија, на источното крило на НАТО.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата