logo
logo
logo

Холандија: Немаме тенкови „Леопард“,но подготвени сме да ги купиме и да ги испратиме во Украина

Vecer | 25.01.2023

Холандија: Немаме тенкови „Леопард“,но подготвени сме да ги купиме и да ги испратиме во Украина

„Ако можеме да помогнеме, ние сме подготвени да го направиме тоа“, изјави холандскиот премиер Марк Руте за холандски RTL. Холандија не поседува борбени тенкови бидејќи, според Регистарот за конвенционално оружје на ОН, ги продаде своите Леопарди на Германија во 2018 и 2021 година.

Сепак, Холандија има 18 тенкови Леопард 2А6 на закуп од Германија. Руте предложи Холандија наскоро да ги купи овие тенкови и потоа да ги испрати во Украина.

„Преговорите се во тек“, рече Руте, додавајќи дека, иако Холандија сè уште нема донесено одлука, „јасно ѝ сигнализираше на Германија дека е подготвена сериозно да размисли за таков потег“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk