Моника и Спенсер Тепе биле пронајдени мртви на 30 декември во нивниот дом во Колумбус, Охајо. Семејството на жртвите изјави дека наводниот убиец, Мајкл Меки, ја мачел својата поранешна сопруга, Моника, за време на нивниот краток брак пред да провали во нејзиниот дом и да ги убие, објави Пипл.
„Таа едноставно мораше да избега од него“, рече братот на Моника, Роб Мислех.
Полицијата соопшти дека верува оти го пронашла оружјето употребено во двојното убиство во домот на осомничениот, васкуларен хирург во Илиноис.
Мислех рече дека Меки бил емоционален насилник кон Моника за време на нивниот краток брак - кој траел од 2015 до 2017 година - пред да се разведат, наведувајќи ја некомпатибилноста.
„Јас и многу други бевме свесни, на некој начин, за негативното влијание што го имаше врз неа. И за злоупотребата низ која помина, за тортурата низ која ја подложи“, рече Мислех.
„Таа беше спремна на сè за да избега оттаму. Беше многу силна личност“, додаде Мислех.
Двојката немаше заеднички деца, а Моника, 39, се омажи за својот нов сопруг, Спенсер Тепе, 37, во декември 2020 година.
МекКи, 39, е обвинет дека провалил во домот на Тепе среде ноќ на 30 декември и ги застрелал во нивната спална соба, оставајќи ги нивните две мали деца неповредени во друга соба, соопшти полицијата.
Тој бил уапсен повеќе од една недела подоцна, во саботата во Рокфорд, Илиноис, откако полицијата го следеше неговиот автомобил до местото на злосторството ноќта на убиствата.
Шефицата на полицијата Елејн Брајант во средата ги опиша убиствата како „целен напад“ и семејно насилство. Таа откри дека полицијата пронашла пиштол за кој се верува дека е употребен во убиствата.
МекКи е обвинет за две точки на обвинение за убиство, наведуваат судските документи. Неговото следно појавување пред суд во Илиноис е закажано за 23 јануари, на сослушување за екстрадиција, по што ќе биде донесен во Колумбус на судење.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата