logo
logo
logo

Објавено името и фотографија на убиениот маж што се обиде вооружен да влезе на имотот на Трамп во Флорида

Vecer | 22.02.2026

Објавено името и фотографија на убиениот маж што се обиде вооружен да влезе на имотот на Трамп во Флорида

Американските медиуми објавија фотографија од маж за кој постои сомневање дека денеска влегол со оружје во комплексот Мар-а-Лаго во Флорида, сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп, поради што беше застрелан од припадници на Тајната служба.

Според американските медиуми, станува збор за 21-годишниот Остин Такер Мартин од Северна Каролина.

Неговото семејство претходно го пријавило како исчезнат.  Фотографијата е од објава за исчезнато лице што семејството ја споделило пред неколку дена.

Властите соопштија дека вооружениот напаѓач можеби допатувал од Северна Каролина. Тој беше застрелан и убиен од агенти на Тајната служба откако го кренал оружјето во „позиција за пукање“.

Локалната полиција одби да коментира за Ен Би Си Њуз дали Мартин сè уште се смета за исчезнато лице.

Според јавно достапните податоци, Мартин нема криминално досие. Јавните записи, исто така, покажуваат дека тој е регистриран гласач кој гласал на општите избори во 2024 година

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk