logo
logo
logo

Херој на Израел: Го преживеа ланскиот масакр на Хамас, а завчера ги нападна бомбашите во Јафа

Vecer | 03.10.2024

Херој на Израел: Го преживеа ланскиот масакр на Хамас, а завчера ги нападна бомбашите во Јафа

Седум лица загинаа, а 16 се ранети во нападот во Јафа, пристанишен град во јужниот дел на Тел Авив, соопшти израелската полиција.

На видеото објавено на интернет се гледа дека Лев Крејтман, кој служел шест месеци како резервист во израелската армија во Газа, пука со пиштол во непозната цел пред да побегне. Снимката е направена од блиската зграда во Јафа и го прикажува Крајтман во розова кошула, бели шорцеви и апостолки.

На друго видео, Крејтман се гледа како оди во позадина меѓу израелските војници кои биле на местото на нападот.

Откако елиминирал еден напаѓач, тој се погрижил за ранетите, а безбедносните служби набрзо го елиминирале и вториот терорист.

„Живеам веднаш над железничката станица во Јафа и седнав на вечера. Служам во Газа во последните шест месеци, извидувам, барам тунели и го препознав звукот на пукотницата кога го слушнав. Отидов таму и видов мртви луѓе како лежат, а потоа ги видов убијците и почнав да трчам по нив, решив да следам еден од нив, тој се обиде да побегне од мене, но јас испукав многу куршуми него, се обиде да бега, но брзо падна“, изјави израелскиот херој.

Лев е израелски херој веќе речиси една година. Имено, на денот кога започна војната меѓу Израел и Хамас, 7 октомври 2023 година, тој успеал да спаси 20 луѓе од масакрот на терористите на музички фестивал на кој беше извршено страшно злосторство во кое загинаа 364 лица.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk