logo
logo
logo

Харис: САД ќе продолжат со дипломатски притисок за прекин на огнот во Појасот Газа

Vecer | 06.10.2024

Харис: САД ќе продолжат со дипломатски притисок за прекин на огнот во Појасот Газа

Потпретседателката на САД и демократски претседателски кандидат Камала Харис изјави дека Вашингтон ќе продолжи да врши притисок врз Израел и другите засегнати страни во конфликтот на Блискиот Исток за да постигнат договор за прекин на огнот во Појасот Газа.

Во интервју за Си-Би-Ес, Харис не одговори директно на прашањето дали израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е „вистински сојузник“ на САД, туку рече дека „поважно е прашањето дали постои силен сојуз меѓу американскиот и израелскиот народ“, потврдувајќи дека постои таков сојуз.

Харис го повтори ставот дека Вашингтон го поддржува правото на Израел за самоодбрана од Иран и милитантните групи како Хамас и Хезболах, кои се поддржани од Техеран.

Критичарите тврдат дека САД не извршиле доволен притисок врз Тел Авив и дека не вовеле ембарго за извоз на оружје на Израел. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk