Американската потпретседателка и кандидат за претседател на Демократската партија, Камала Харис денеска изјави дека е постигнат „извесен напредок“ во договорот за прекин на огнот во Газа, но дека напредокот е „бесмислен“ доколку навистина не се постигне договор.
„Треба да постигнеме прекин на огнот и договор за заложниците што е можно поскоро“, рече Харис во телевизиското шоу CBS, пренесе Ројтерс.
Харис во неделата рече дека Вашингтон ќе изврши притисок врз Израел и другите страни во регионот на Блискиот Исток да постигнат договор за прекин на огнот во Газа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата