logo
logo
logo

Хаос во украинска црква: Се тепаат попови и верници, фрлен е солзавец (ВИДЕО)

Vecer | 17.10.2024

Хаос во украинска црква: Се тепаат попови и верници, фрлен е солзавец (ВИДЕО)

Споменатата црква е предадена на Православната црква на Украина, односно е одлучено таа повеќе да не припаѓа на Украинската православна црква на Московската патријаршија.

Вчера во црквата, која беше прогласена за гарнизонска црква на украинските вооружени сили се одржувала литургија кога насилно упаднале околу 100 маскирани лица. Припадниците на Украинската православна црква на Московската патријаршија ја скршиле влезната врата и фрлиле солзавец врз толпата верници на Православната црква на Украина.

Тензиите околу црквата Свети Михаил ги следат пошироките напори на Украина да го ограничи влијанието на Украинската православна црква на Московската патријаршија, која историски била поврзана со Руската православна црква. И покрај прогласувањето независност од Москва во 2022 година, украинските власти сè уште гледаат на Украинската православна црква на Московската патријаршија со сомнеж за нејзиниот наводен проруски став.

Во судирите се повредени неколку лица, а лекарите им пружиле помош, изјави Зоја Вовк, портпарол на Националната полиција во регионот Черкаси. Очевидци раскажаа како свештениците и верниците на Украинската православна црква на Московската патријаршија се забарикадирале во црквата и им забранувале на другите да влезат. Сепак, црквата во текот на денот била вратена под контрола на Православната црква на Украина.

Вовк потврдил дека е покрената истрага за хулиганство, јавува Радио Слободна Европа. Високиот воен капелан на регионот Черкаси, отец Назариј, рече дека локалните верници дошле во црквата, но подоцна биле исфрлени од, како што опиша, „руски активисти“ лојални на Московската патријаршија.

„Тука треба да се слушаат молитвите за нашите војници“, нагласи отец Назариј и додаде дека припадниците на Украинската православна црква на Московската патријаршија ги избегнувале украинските војници, гледајќи ги како непријатели.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk