logo
logo
logo

Хаос во Шпанија: Брутално се тепаат десетици Романци, сите роднини (ВИДЕО)

Vecer | 19.09.2024

Хаос во Шпанија: Брутално се тепаат десетици Романци, сите роднини (ВИДЕО)

Инцидентот, како што пренесува La Provincias, се случил овој понеделник, во седум часот попладне, на авенијата Висенте Ферис, главната артерија на градот, токму кога местото било среде септемвриските прослави, што довело до присуство на голем број граѓани на улица.

Многу луѓе биле сведоци на тепачката меѓу членовите на овие две сродни семејства, а според информациите до кои дојде шпанскиот весник, токму таа семејна поврзаност би можела да биде причина за тепачката во која учествувале триесетина лица.

Повеќето од нив, дваесетина, пристигнале од Бенџаним со пет возила, додека останатите биле локални жители. Во конфликтот биле употребени стапови, катани и друго ладно оружје, во кој биле повредени осум лица, од кои едно потешко.

Граѓанската гарда ја води истрагата.

Благодарение на прегледувањето на видео снимките снимени од сведоци на тепачката, полицијата идентификувала девет лица и привела петмина за кривични дела тепачка и нанесување повреди, а не се исклучува можноста за дополнителни апсења по подетална анализа на снимката.

Што се однесува до повредените, според информациите од Ургентниот центар, екипа од примарната здравствена заштита која излегла на лице место им укажала на повредените помош поради убодни рани и контузии. Тројца со сопствен превоз отишле во локалниот здравствен дом во Канал, додека две лица со брза помош биле пренесени во болницата Луис Алкани во Шатива, а останатите две во болницата во Онтинјент.

Двајцата префрлени во болницата во Шатива се 42-годишен маж, кој по укажаната помош на итната медицинска помош е хоспитализиран со неизвесна прогноза и 35-годишен маж со повеќекратни контузии, кој е пуштен на домашно лекување во раните утрински часови во вторник.

Во болницата во Онтинјент помош добиле 34-годишна жена и 43-годишен маж, двајцата со убодни рани, а по укажаната помош биле пуштени дома.

Според локални извори, семејството кое живее во Канал немало никакви претходни инциденти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk