logo
logo
logo

Хамас бара повеќе опрема и персонал за ексхумација на израелски затвореници

Vecer | 01.11.2025

Хамас бара повеќе опрема и персонал за ексхумација на израелски затвореници

„Бригадите Касам“, военото крило на Хамас, објавија дека неидентификувани биолошки остатоци веќе им се предадени на Израел, но дека Израел тоа го одбил, јавува Ал Џезира.

Затоа Црвениот крст вчера му ги предаде на Израел неидентификуваните остатоци од три лица, кои беа добиени од Хамас.

„Бригадите Касам ја потврдуваат подготвеноста на нивните тимови да работат на преземање на телата на непријателските затвореници во рамките на Зелената линија во исто време и на сите локации со цел да се затвори ова досие. Бригадите Касам ги повикуваат медијаторите и Меѓународниот комитет на Црвениот крст да ја обезбедат потребната опрема и персонал за да работат на преземање на сите тела истовремено“, соопшти оваа палестинска милитантна група.

Израел денес соопшти дека остатоците од трите лица што ги предаде Хамас оваа недела не му припаѓаат на ниту еден од заложниците.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk