logo
logo
logo

Келог: Киев и Вашингтон составија список на услови за завршување на војната

Vecer | 30.04.2025

Келог: Киев и Вашингтон составија список на услови за завршување на војната

„На Украинците не им се допаднаа сите услови, но никому нема да му се допадне конечниот став што ќе го заземете. Тоа е во ред кога имате преговори. Но, ние сме во прилично добра позиција со нив“, изјави Келог за Фокс њуз.

Одговарајќи на изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров дека Русија ќе ја добие војната против Украина, Келог рече дека тоа не одговара на реалноста.

„Руската Федерација нема да ја добие оваа војна. Русија не постигна никаков напредок во последната година и пол. Тие изгубија стотици илјади војници, напредуваат во метри, а не во километри. А Украинците се борат жестоко на своја територија. Па кога Руската Федерација вели дека победува, тоа не е така“, рече Келог.

Тој оцени дека Русија треба „да ја препознае промената на околностите“, односно дека Украина, според него, добро се држи, дека европските партнери зајакнуваат и формираат нови сили без помош на Соединетите Американски Држави.

„Тие сега се подготвени да ја зголемат својата поддршка за Украина доколку е потребно“, смета Келог.

Како што наведе, војната нема да заврши „воено“, туку само по дипломатски пат.

„Украинците ова сега многу добро го разбираат, а и Русите би требало тоа да го сфатат“, додаде Келог. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk