logo
logo
logo

Катар секојдневно ја следи радиоактивноста во водите на Персиски Залив

Vecer | 17.06.2025

Катар секојдневно ја следи радиоактивноста во водите на Персиски Залив

Портпаролот на катарското МНР, Маџед ал Ансари истакна дека нема причина за загриженост, но оти „продолженото воено заострување ќе има непредвидливи последици“.

- Меѓународната заедница мора јасно да стави до знаење дека секое таргетирање на нуклеарни, нафтени или енергетски постројки во овој регион би имало последици, кои не можеме да ги измериме во Заливот, посочи Ансари.

Израел на 13 јуни го нападна Иран, а Техеран возврати со ракетни и напади со дронови врз израелска територија.

Иранската нуклеарна електрана во Бушер е лоцирана на брегот на Персиски Залив. Техеран тврди дека оваа централа не е погодена при израелските напади. Но, на мета на израелските напади беше нуклеарниот комплекс во Натанц.

- Катарските постројки се безбедни, но израелските напади врз иранската енергетска инфраструктура се непромислени, посочи Ансари. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk