logo
logo
logo

Карлсон го коментираше интервјуто со Путин: Една од најглупавите работи што сум ги слушнал

Vecer | 01.03.2024

Карлсон го коментираше интервјуто со Путин: Една од најглупавите работи што сум ги слушнал

Зборувајќи со водителот Лекс Фридман на подкаст објавен во вторникот, Карлсон го коментираше неговото контроверзно интервју со рускиот претседател.

Поранешната ѕвезда на Фокс њуз се соочи со бурни реакции за неговата средба со лидерот на Кремљ, првпат Путин се согласи на интервју со западен новинар од почетокот на војната во Украина. Во интервјуто се допреа повеќе теми, од лекции по руска историја до размислувањата на Путин за следните претседателски избори во САД.

Карлсон рече дека неговиот прв впечаток е дека Путин „изгледал нервозен“ и дека „влегол во интервјуто како преподготвен студент“. Фридман го прашал Карлсон што мисли за оправдувањето на Путин да продолжи да води војна во Украина, пишува „Newsweek“.

Да потсетиме, рускиот лидер во континуитет тврди дека целта е „денацификација“ на Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е Евреин, постојано ги отфрла тврдењата на Кремљ дека владата во Киев е отворено „пронацистичка“.

„Мислев дека тоа е една од најглупавите работи што некогаш сум ги слушнал. Не разбрав што значи. Го мразам целиот тој разговор бидејќи не е реален. Тоа беше само ад хоминем. Тоа беше начин да се поврзе некого со злобниот режим кој повеќе не постои“, објасни Карлсон.

Според Карлсон, нацизмот повеќе не постои бидејќи е „неразделен од германската нација“. „Јас сум многу антинацист. Само велам дека во 2024 година нема нацистичко движење. Тоа е начин луѓето да изгледаат злобни“, рече Карлсон.

Путин исто така го коментираше и разговорот со Карлсон, велејќи му на рускиот новинар Павел Александрович Зарубин дека се подготвил за „агресивното однесување и поставувањето таканаречени остри прашања на Карлсон“. „Не бев само подготвен за ова, туку и го сакав, бидејќи тоа ќе ми даде можност да одговорам на ист начин“, рече рускиот лидер.

Инаку, Путин за време на интервјуто го исмејуваше Карлсон, шегувајќи се со фактот дека неговите обиди да се вработи во ЦИА постојано биле неуспешни. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, претходно им изјави на новинарите дека Путин го дал интервјуто со Карлсон затоа што „има став кој се разликува“ од другите западни медиуми. 

Извор: Индекс.хр

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk