logo
logo
logo

Камала Харис со најголема поддршка да го замени Бајден во претседателската трка

Vecer | 22.07.2024

Камала Харис со најголема поддршка да го замени Бајден во претседателската трка

Њујорк Тајмс пишува дека пред неа е отворен пат за кандидатура без изгледи дека друг демократски кандидат би можел да се наметне. По објавата на Бајден дека се повлекува, Трамп нагласи дека ќе му биде уште полесно да ја победи Харис на изборите во ноември, а на социјалните мрежи го критикуваше неговото повлекување.

„Не е готово! Можно е Бајден да се разбуди утре и да заборави дека се откажа од изборната трка“,напиша Трамп а претходно и од митингот во Мичиген зборуваше и за Харис.

-Од моментот кога ќе ја вратиме назад Белата куќа од „Расипаниот Џо Бајден“ и Камала, јас ја викам насмеаната Камала, сте ја гледале како се смее? Таа е луда. Можете да кажете многу по нејзината смеа, таа е луда, таа е без памет. Но не е толку луда како Ненси Пелоси,- изјави – Доналд Трамп – Кандидат за претседател на САД.

Дали Камала Харис ќе ја добие кандидатурата ќе се знае следниот месец за кога е закажана Демократската конвенција во Чикаго. Самата Харис во изјавата рече дека иако е почестена што ја добила поддршката од Бајден, нејзината намера била „да ја заработи и да ја освои оваа номинација“, со тоа сугерирајќи на отворен процес.

Американските гласачи со различни гледања на повлекувањето на Бајден.

-Тоа е тажен развој на настаните да бидам искрен. Половина од земјата е на едната страна, останатата половина на друга, навистина е жално.

Возбудена сум што (Бајден) се повлече, не мислам дека тој беше најдобриот избор, ќе видиме што ќе се случи, ќе биде интересно.

Мислам дека е несреќно време за нашата земја што претседателот беше принуден да се повлече. Мислам дека нема друг избор освен да ја поддржи Камала Харис во овој тежок период.

Мислам дека секако ни требаше нов кандидат, мислам дека промена со жена која ќе влезе во трката е она што најмногу ни треба во овој момент.

Не сум изненадена, гледав интервјуа со него и изгледаше како да се влошува, не велам дека не е добар претседател, само не мислам дека треба повторно да се кандидира-- анкета Гласачи од Њујорк.

Дел од медиумите во САД повикувајќи се на свои извори пренесуваат дека Џо Бајден одлучил да се повлече од претседателската трка откако 48 часа ги анализирал анкетите, сфаќајќи дека му се намалуваат шансите за победа на изборите. Во објавеното соопштение напиша дека е во најдобар интерес на неговата партија да се откаже и да се фокусира на своите претседателски надлежности. Последниот актуелен претседател кој ја прекинал својата кампања за реизбор бил Линдон Џонсон во 1968 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk