Иранското Министерство за разузнавање денес објави дека спречило обид за прекуграничен напад од страна на сепаратистите, насочен кон позициите на „сепаратистичките групи“ кои се обиделе да влезат преку западните граници, и дека овие групи претрпеле големи загуби.
Исто така, се наведува дека базите и складиштата за муниција на сепаратистичките групи се уништени, објави иранската агенција Мер.
Додадено е дека оперативците на Министерството, заедно со силите на ИРГК и курдскиот народ, ги следат движењата во пограничните области на земјата и ќе спречат каков било американско-израелски план за напад врз иранска територија.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата