logo
logo
logo

Калас го повика Израел да го прекине својот „прекумерен“ одговор во Либан

Vecer | 09.03.2026

Калас го повика Израел да го прекине својот „прекумерен“ одговор во Либан

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас денеска го повика Израел да ја прекине својата актуелна воена операција во Либан, обвинувајќи дека операцијата води кон масовно раселување и дестабилизација на веќе кревката ситуација.

Иако Израел го има правото на самоодбрана како одговор на неодамнешните напади од страна на милицијата Хезболах поддржана од Иран, неговиот одговор „беше прекумерен“, изјави Калас, пренесе ДПА.

- Тоа ризикува да ги вовлече Либан и неговиот народ во војна која не е нивна, со тешки хуманитарни последици – рече Калас во изјавата.

- Израел треба да ги прекине своите операции во Либан. Суверенитетот и територијалниот интегритет на Либан мора да бидат почитувани – додаде таа.

- Дипломатијата и враќањето на прекинот на огнот ја нудат најдобрата шанса за да се спречи Либан да западне во хаос – нагласи Калас.

Таа подвлече дека „непосредни приоритети сега се спречување на понатамошни загуби на животи, раселување и регионална ескалација“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk