logo
logo
logo

Јужнокорејскиот суд издаде налог за апсење на претседателот Јун

Vecer | 31.12.2024

Јужнокорејскиот суд издаде налог за апсење на претседателот Јун

Канцеларијата за истраги за корупција (ЦИО), која го истражува Јун за неочекуваното воведување на воена состојба, потврди дека Окружниот суд во Сеул го одобрил налогот за апсење.

ЦИО не ги коментираше причините на судот за одобрување на наредбата за апсење, а самиот суд одби да коментира.

Не е познато кога и како ќе биде извршен налогот за апсење на Јун.

Безбедносната служба на јужнокорејскиот претседател денеска соопшти дека по налогот за апсење ќе се постапи во согласност со законската процедура.

Судот одобри и налог за претрес на резиденцијата на Јун, објави ЦИО.

Полицијата претходно неуспешно се обиде да ја претресе претседателската канцеларија како дел од истрагата бидејќи службата за безбедност на претседателот им забранила пристап.

Ова е прва потерница издадена во Јужна Кореја за актуелен претседател, јавуваат локалните медиуми.

Јужнокорејските власти вчера побараа налог за апсење на Јун, кој се соочува со кривична истрага поради можни обвиненија за бунт.

Обвинението за бунт е едно од ретките за кои јужнокорејскиот претседател нема имунитет.

Привремениот лидер на владејачката Партија на народна моќ (ППП) Квеон Сеонг-донг денеска изјави дека обидот за апсење на актуелниот претседател е несоодветен, пренесе Јонхап.

Бирото за истраги за корупција вчера соопшти дека Јун игнорирал три покани да се појави на сослушување.

Неуспешниот обид на Јун да воведе воена состојба ја шокираше нацијата, но тој беше отфрлен само неколку часа подоцна по големите реакции на јавноста.

Јужна Кореја оттогаш е во политичка криза. Националното собрание гласаше за импичмент на Јун на 14 декември, а Уставниот суд отвори постапка за да донесе конечна одлука дали гласањето на собранието е уставно или не.

Чои Санг Мок од петокот ја извршува функцијата претседател на земјата, откако пратениците гласаа за импичмент на вршителот на должноста претседател Хан Дак Су, едвај две недели откако Јун беше соборен од претседателската функција.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk